Copy
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2014 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - ноември 2014
Објавен конкурсот на ПМИО - „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“

ПМИО и МИМ го објавија конкурсот за мултимедијални продукти, кои ги раскажуваат успесите во градење на меѓуетничката интеграција во образованието. Право на учество на конкурсот имаат сите државни средни училишта, а за најдобрите се обезбедени атрактивни награди.
Цветни насмевки, спортување и заедничко дружење на учениците од Бутел и Прилеп

 


Во духот на фер-плејот и креативноста, дваесетина ученици од партнерските училишта ОУ „Панајот Гиновски“ од општина Бутел и ОУ „Гоце Делчев“ од општина Прилеп и се радуваа на заедничката дружба. Играње одбојка, изработка на букети цвеќиња од хартија, и многу други интересни работи. Велат дека поминале одлично, и со нетрпение ја чекаат наредната прилика за заедничка дружба.
 
Средношколците од „Браќа Миладиновци“ на заеднички час по физика
 
Постојат многу начини на кои што може да се гради заедништво помеѓу припадниците на различните заедници во образованието, особено во предметите во кои јазичните специфики не се најважни во материјата што се изучува. Тоа ни го демонстрираа група ученици од албанската и македонската паралелка од СУГС „Браќа Миладиновци“ од Скопје, кои одржаа заеднички час по физика.
 
„Едно сонце сите не грее“
Годинешната прослава на пaтронатот на ОУ „Дебарца“ помина во знакот на меѓуетничката интеграција и традиционално добрите односи меѓу заедниците во општината. Со гостите од партнерското основно училиште „Нури Мазари“ од соседното струшко с. Корошишта, се подготвија точки за заедничката прослава. Танцот и песните самите зборуваат блискоста во традицијата и фолклорот.
„Разгледница од Охрид“ – средношколците со претстава што ја освојува публиката


 
Учениците од СОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид го претставија производот од креативните работилници кои се одвиваа во изминатите 6 месеци. Претставата „Разгледница од Охрид“, која учениците од повеќе етнички заедници ја изведуваат на повеќе јазици, се одигра премиерно во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“, која се наполни целосно со брзина на светлината.
 
Реновирањето во ОУ „Ѓорче Петров“ прославено во духот на меѓуетничката интеграција
 
На 12 ноември, 2014, ОУ „Ѓорче Петров“ од оваа скопска општина свечено го одбележа целосното реновирање на училишната кујна и трпезарија, реализирано со поддршка од ЕУКОМ и ПМИО. Освен свеченоста, присутните имаа можност да ја дегустираат вкусната храна која ја подготвија родителите од училиштето и нивните нови пријатели од партнерското ОУ „Дитуриа“ од соседната општина Сарај.
 
Граѓаните и учениците од Врапчиште порачуваат: „Заедно сме посилни – интегрирано сме поуспешни“
 
Свечениот настан, со кој се одбележа завршувањето на реновирањето во ОУ „Врапчиште“ од с. Врањовце, уште еднаш покажа дека кога се вклучува целата локална заедница во вакви активности, успехот е многу поголем, среќата на сите е неизмерна, а соживотот се унапредува и зацврстува.
 
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата www.pmio.mk многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:


Билтен 1 (линк)
Билтен 2 (линк)

Медиумски информатор 1 (линк)
Медиумски информатор 2 (линк)
Медиумски информатор 3 (линк)
Медиумски информатор 4 (линк)
Медиумски информатор 5 (линк)
Медиумски информатор 6 (линк)
Медиумски информатор 7 (линк)
 
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2014 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp