Copy
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2014 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - септември 2014
Видео: Партнерство кое ветува долгорочна соработка и трајни пријателства

Четири различни јазика, една порака – добредојде! Училиштата „Гоце Делчев“ од Илинден и „Братство Единство“ од Коњари, кои неодамна склучија партнерство, веднаш започнаа со конкретни заеднички активности. Освен почетокот на соработката, на свечената заедничка приредба во училиштето „Гоце Делчев“ имаше уште еден повод за прослава: по реновирањето спроведено со помош на ПМИО и општината, ова училиште стана едно од 35-те енергетско ефикасни образовни објекти во земјава.
 
„А може и подобро..“ – порачуваат младите актери од „Цветан Димов“


 
Талентираните ученици од СУГС „Цветан Димов“ од Скопје ја подготвија и одиграа претставата „А може и подобро..“. Преку четири различни ситуации од секојдневниот живот кои ги мачат младите, прикажаа дека нивните проблеми не познаваат етничка или религиозна припадност, и дека денешната младина треба да се обедини во нивното решавање.
 
Учениците истражуваат: Почитувањето на различностите носи поголеми успеси за бизнисите
 
Почитувањето на различностите, и во структурата на вработените но и во односот кон клиентите, им носи на бизнисите поголеми успеси. Ова е главниот заклучок на студиите на случај, кои ги подготвија истражувачките тимови составени од ученици од различна етничка припадност од три скопски средни училишта.

 
На теренот сме сите исти – спортот како одлична алатка за меѓуетничка интеграција кај младите


 
Во здравото тело, здрав е и духот на меѓуетничката интеграција. На 26 септември, повеќе од 150 ученици од различна етничка припадност се собраа во спортската сала во Маврово на заеднички спортски и рекреативни активности, кои се нераскинлив дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

 
 
Комуникацијата насочена кон потребите на учениците, наставниците и родителите е клучна за подобра меѓуетничка интеграција
 
На работилницата во Охрид на 26 септември, учесниците од неколку општини од западниот дел на земјава ги осознаваа тајните на доброто јавно комуницирање. Заеднички заклучок - комуникацијата со различни целни групи оди многу полесно и поефикасно без товарот на омразата и предрасудите, и кога таа е насочена и ги зема предвид размислувањата и потребите на оние, на кои им се обраќаме.
 
Креативноста е универзален јазик кој ги зближува младите
 
Три месеци интензивно и креативно учење и дружење, и одлични заеднички уметнички производи на ученици од различна етничка припадност од цела Македонија. Тоа е резултатот на вториот циклус креативни работилници на ПМИО, што се спроведуваше во шест избрани средни училишта од различни градови од земјава.
 
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата www.pmio.mk многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:


Билтен 1 (линк)
Билтен 2 (линк)

Медиумски информатор 1 (линк)
Медиумски информатор 2 (линк)
Медиумски информатор 3 (линк)
Медиумски информатор 4 (линк)
Медиумски информатор 5 (линк)

 
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2014 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp