Copy
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2015 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - септември 2015
Училиштето во Матејче доби ново спортско игралиште


 
Учениците од Матејче ја започнаа учебната година со ново спортско игралиште. Задоволни и видно расположени, најмладите Матејчани веднаш направија „сефте“ на новите терени и спортски реквизити, додека, наставниците забрзано се подготвуваа за училишните активности.
 
Училишните кадри со можност за сертифицирање на знаењата стекнати преку ПМИО
ПМИО и надлежните образовни институции изготвија процедура за сертификација, преку која учесниците на обуките ќе можат да се стекнат со различни видови сертификати. Со цел да се запознаат со процедурите, ПМИО во август и септември организираше менторски средби за тимовите за училишна интеграција (СИТ) од сите училишта од земјава.
 
Почеток во духот на заедништвото во модел училиштатаа
Новата училишна година ја одбележаа и неколку поинакви пречеци на првачињата. Во модел училиштата во Охрид и Куманово, 1-ви септември не беше само прв училиштен ден, туку и ден за афирмирање на заложбите на училиштата за интегрирано образование.
Модел училиштата во Куманово – Со нов лик во новата учебна година

Во текот на летниот распуст, во две модел училишта во Куманово се работеше под полна пареа.. Новопоставените прозорци и врати во ОУ „Браќа Миладиновци“ и новата фасада во ОУ „Бајрам Шабани“ се само поттик повеќе – да се продолжи уште поинтензивно со големиот број на заеднички активности со учениците од двете училишта.
 
Нови почетоци – нови предизвици за училишните интегративци
 
Во пријатна атмосфера во Маврово, 50тина претставници на тимовите за училишна интеграција (СИТ) од сите модел-училишта, на 25-26 август учествуваа на семинар за споделување на искуства и идеи за тоа како да се обезбеди континуитет во промовирањето на моделот на интегрирани училишта.
 
Професорите - џокери и глумци на обуката за форум театар методологија во Охрид
На третата обука која се одржа од 19 до 21 август во Охрид, учесниците – професори искусија нови перспективи и одиграа многу нови улоги кои во иднина треба да придонесат за унапредување на комуникацијата меѓу нив и учениците, и справување со секојдневните предизвици.
Средношколците од Делчево на летно дебатно дружење
27 и 28 јули во Делчево, Младинскиот образовен форум во рамки на ПМИО одржа обука за дебата на средношколците-дебатери, наменета за практицирање на „World Schools“ форматот за дебата. По предавањата за аргументација, градење случај, начини и техники за анализа на теза, улогата на говорниците во тимовите, учесниците дебатираа на тезата: „Формалното образование е главен фактор за интеграција кај младите.“
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата www.pmio.mk многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:
Билтен 1 (линк) | Билтен 2 (линк)
Медиумски информатор 1 (линк)
Медиумски информатор 2 (линк)
Медиумски информатор 3 (линк)
Медиумски информатор 4 (линк)
Медиумски информатор 5 (линк)
Медиумски информатор 6 (линк)
Медиумски информатор 7 (линк)
Медиумски информатор 8 (линк)
Медиумски информатор 9 (линк)
Медиумски информатор 10 (линк)
Медиумски информатор 11 (линк)
Медиумски информатор 12 (линк)
Медиумски информатор 13 (линк)
Медиумски информатор 14 (линк)

 
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2015 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp