Copy
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2015 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - маj 2015
Атмосфера за паметење на доделувањето на наградите од конкурсот „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“
Во Кинотеката на Македонија во Скопје, на свеченото доделување на наградите од конкурсот „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“ одржано на 7 мај 2015 година, многу насмеани лица, весела атмосфера, но и неизвесност и исчекување: сите се прашуваа - кои училишта ќе ги добијат вредните награди ? Погледнете го видеото од настанот.
Преку спорт до пријателства кои траат
Учениците од ОУ „Наум Наумовски Борче“и ОУ „25 Мај“ од општина од Гази Баба, кои реализираа неколку заеднички активности во текот на оваа учебна година, на 28 мај имаа заеднички завршен настан. Во спортската сала “Маџари”, 40 ученици од двете училишта, во мешан состав, учествуваа на заеднички спортски натпревари во фудбал и одбојка.
Со музика до интеграција
 
Весела музика на влезот, раздвижени наставници и возбудени ученици во ОУ„Страшо Пинџур“ од Кавадарци. Причина? Училиштето ги очекуваше гостите од нивото партнерско училиште ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ од Гостивар.
 
Пријателствата од Чеплес
 
Нема зборови кои ќе го доловат впечатокот на учесниците на тридневната активност на ПМИО која се одржa во Планинарскиот дом Чеплес и на која учествуваа 32 ученика – 16 од ОУ „Лирија“, с. Горно Јаболчиште со албански наставен јазик и 16 ученика од ООУ „Тодор Јанев“, Чашка со македонски наставен јазик.
Сафет Незири од Министерството за образование – дел од групата на мали истражувачи
„Кој може да ми каже како се вика овој инсект?“, држејќи ја лупата насочена кон тревата, Сафет Незири, советник на Министерот за образование и наука, им се обрати на љубопитните третооделенци кои го опкружуваа. Учениците уживаа во улога на мали истражувачи, a советникот Незири и наставниците со задоволство им се приклучија во истражувањето.
Дружбата на учениците од Кисела Вода и Чаир – спој на традиционалното и модерното
 
Ниту пролетниот дожд не ја намали возбудата од заедничкото другарување кај учениците од различни возрасти од скопските основни училишта„Кирил Пејчиновиќ“ од Кисела Вода и „7 Марси“ од Чаир.
 
Учениците од Дебар продолжуваат со заедничките средби
 
По неколкуте реализирани средби со помош на малиот грант за заеднички ученички активности, учениците од ОУ „Ристе Ристески“ од с. Косоврасти и ОУ „Саид Најдени“ од Дебар имаа уште една заедничка активност. Овој пат 20 ученици од двете училишта, во мешани екипи, одиграа другарски фудбалски натпревар.
 
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата www.pmio.mk многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:
Билтен 1 (линк)
Билтен 2 (линк)
Медиумски информатор 1 (линк)
Медиумски информатор 2 (линк)
Медиумски информатор 3 (линк)
Медиумски информатор 4 (линк)
Медиумски информатор 5 (линк)
Медиумски информатор 6 (линк)
Медиумски информатор 7 (линк)
Медиумски информатор 8 (линк)
Медиумски информатор 9 (линк)
Медиумски информатор 10 (линк)
Медиумски информатор 11 (линк)
Медиумски информатор 12 (линк)
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2015 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp