Copy
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2016 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - октомври 2016
Образаовниот процес збогатен со нов прирачник за спортски и забавни активности за интеграција на децата и младите
Повеќе од 500 ученици, наставници, родители и случајни минувачи беа дел од забавниот настан, што се одржа на 8 октомври во Градскиот парк во Скопје, по повод промоцијата на Прирачникот „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“. Настанот, кој се организираше под мотото “Sport and Fun for Everyone”, изобилуваше со богата образовна и рекреативна програма. Учениците практично демонстрираа спортски активности и забавни игри од Прирачникот, а пак, бројните посетители учествуваа во нив.
Дебатата како алатка за градење мостови


Што е аргумент и како се прави аргумент? Какви права и вредности треба да се промовираат во мултикултурните демократски општества? Како да се разликува слободата на изразување од говорот на омраза? Ова беа само дел од многуте интересни теми што ги дискутираа младите дебатери на првата ПМИО Дебатна академија, што се одржа од 13 до 15 октомври во Скопје.
 
Младите тетовчанки се натпреваруваа во одбојка под мотото „Шампионите играат како едно“
Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово, го започнаа натпревару-вањето во одбојкарската лига, под менторство на нивните наставници по спорт и спортско образование. Одбојкарската лига се игра под мотото „Chapmions Play as One - Шампионите играат како едно”, бидејќи сите тимови се составени од одбојкарки од мешан етнички состав и од различни училишта.
 
Од модел училиште до модел општина
Девет училишта од општина Кичево, во четири различни групи, со околу 100 ученици, 20 наставници и родители од сите етнички групи, интензивно се дружеа, другаруваа, соработуваа, создаваа нешто ново. Освен заедничката работа, учениците го истражуваа значењето на градското Кале – некогаш и сега, се забавуваа за време на малите олимписки игри и се запознаваа со традиционални јадења на различните етнички заедници, преку подготовка на вкусни оброци.
 
Кумановчани со поддршка на активностите за меѓуетничка интеграција
 
Стотина ученици од 15 кумановски училишта, на 20 октомври се собраа во основното модел училиште Бајрам Шабани за да ги прослават Деновите на меѓуетничка интеграција и да и покажат на пошироката јавност како во изминатите четири недели се дружеа, соработуваа, се смееја, истражуваа, креираа нови работи, но пред сè, како станаа пријатели.
 
Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се темите на 4-те работилници кои беа претставени во рамки на промотивниот настан „Денови за меѓуетничка интеграција“, кој се одржа во основното училиште Живко Брајковски во општина Бутел, кон крајот на октомври. Во активностите беа вклучени наставници и ученици од 7 основни училишта од општина Бутел.
Како успешно да се одржуваат училишните згради?

44 секретари и технички персонал од 15 училишта кои се реновираат во 2016 година, учествуваа на обуката за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти. Учесниците на обуката споделија знаењата, искуствата и добрите практики за одржување на училишните згради и детално се запознаа со активностите и процедурите за одржување на училишните објекти.
 
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата www.pmio.mk многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:
Медиумски информатор 25 (линк)
Медиумски информатор 24 (линк)
Медиумски информатор 23 (линк)
Медиумски информатор 22 (линк)
Медиумски информатор 21 (линк)
Медиумски информатор 20 (линк)
Медиумски информатор 19 (линк)
Медиумски информатор 18 (линк)
Медиумски информатор 17 (линк)
Медиумски информатор 16 (линк)
Медиумски информатор 15 (линк)
Медиумски информатор 14 (линк)

Архива на претходни изданија
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2016 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp