Copy
ПРАВИЛА И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
View this email in your browser

3 ЧЕКОРИ ЗА КАКО ДА ПРИЈАВИТЕ ТИМ

Секоја компанија има можност да пријави свој тим. Еден тим мора да биде составена од 3 учесници скијачи. Котизација за пријавување на еден тим изнесува 12.000 денари.

Само тројца пријавени во тимот имаат право на стартен број. Задолжително изберете еден од членовите за капитен на тимот.

Секоја компанија може да пријави повеќе тимови.

ЧЕКОРИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Чекор 1
Испратете е-маил на marketing@bistra.com со назнака ПРИЈАВУВАЊЕ за 15ти АХВМ, и ќе добиете повратен маил со пријава за учество.

Чекор 2
Пополнете ја пријавата уредно, и повторно пратете ја на истата маил адреса

Чекор 3
Платете ја котизацијата за секој пријавен тим по 12,000 денари на следниот депонент:

Назив: Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА
Скратен назив: РЦПЛИП - ПОРАКА
Број на сметка: 300000000341088, Комерцијална Банка АД, Скопје
Даночен број: 4030984178108
Седиште: ул. 11 Октомври 42-а, 1000 Скопје

Секоја фирма учесник има можност на целната рамнина да постави свој банер или реклама (2m x 1m), а препорачливо е да направи и свое брендирано знаме (2m x 1m) со лого, за препознатливост и бодрење на своите екипи.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И СКИЈАЈТЕ ЗА ХУМАНА ЦЕЛ!

ПРОПОЗИЦИИ И ПРАВИЛА

Натпреварите ќе бидат крајно професионално организирани. За таа цел Скијачкиот Центар од Маврово како организатор и иницијатор на оваа хумана велеслаломска трка, во соработка со Скијачкиот сојуз на Македонија веќе изготви програма и пропозиции, по кои ќе се одвиваат квалификационите и финалните трки. Натпреварувањето ќе се одржи на патеката од Галичкиот ски лифт. Времето ќе се мери електронски, Директор на трките е реномираниот, меѓународен судија, Г-н. Виктор Крстевски-Викса, а веќе традиционално главен судија на натпреварувањето е Г-н. Јохан Елзесер. За овој настан, патеката ќе ја постави Гоце Петков од „Snow Sports Academy Mavrovo”.

Натпреварот ќе започне со едно квалификациско возење за сите пријавени натпреварувачи. Најпрво ќе стартуваат натпреварувачите во женска конкуренција, па оние кои се над 40 годишна возраст (сениори), а за крај, најмладите или сите оние кои се родени пред и заклучно со 1975 година. Најдобрите 8 или 16 од секоја категорија ке се квалификуваат за финалните паралелни трки во недела. Во зависност од бројот на пријавени натпреварувачи, во петок пред состанокот ке се одлучи колку финалисти во секоја категорија одат понатаму. За екипниот дел од натпреварувањето кое завршува во сабота, се важат најдобрите две времиња од трите натпреварувачи од квалификациската трка. Екипите пријавуваат по три аматери скијачи, членови во машка или женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во соодветните категории, аматери и оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2007/2008 година.

Copyright © 2017 Ski Centar Mavrovo, All rights reserved.


Want to change how you receive these emails?
You can update your preferences or unsubscribe from this list

Email Marketing Powered by Mailchimp